Почитувана градоначалничке… Ви се обраќам во името на безброј битолчани кои имаме само една желба, една исконска желба, да ги интенвизирате активностите околу изградбата на опожарениот дом Копанки… на Пелистер.

Како што христијаните си го имаат Ерусалим, а муслиманите Мека, ете ние планинарите, или вљубениците на планината, Пелистер, сакаме да си имаме едно катче на мир и спокој, каде ќе може да се дружиме, пееме, пиеме, живееме…

Сакаме да си го имаме Копанки,таков како што беше,таков каков што го паметиме, каде што сенките на своето постоење ги оставија врвни имиња на алпинизмот, планинарството, спортот, музиката…

Каде што генезата на она “најбитолското” почнуваше и завршуваше со тоа дружење. Да не ги споменувам великаните на Битола, со кои сите се гордееме, кои оставија свој ореол во секое катче од тој, од надвор камен планинарски дом, ама со внатрешност со срце како бунар, кое ги топи срцата на тие што знаат што е планина…

Доволни ли се имињата на Муратот, Спирко, Тамбата… да знаете колку тоа ни значи? Верувам, како што и плејада на битолчани дека овааа зима,има време за да се се заврши, повторно се чуе песната на пелистерските боеми во новоизградениот дом на Копанки, повторно најдобрите македонски скијачи да го пијат планинскиот чај во паузите од своите тренинзи, повторно изморените планинари од цел свет си го најдат своето катче за одмор, пауза и рајат во тоа мало, премало чудо, што имаше една магија, да ги згрижи сите и да му даде елан….нашето Копанки.

Вретете ја оваа слика од домот, а ние битолчани знаеме како да Ви возвратиме…

Роберт Падори

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here