Возот и украсувањето кај Багетто во старата чарпија и новиот дуќан кој се наоѓа на ул. Булевар карши Судот е рачна изработка и дело на битолчанките Анита и Андријана од Империјал студио.
Нивната цел е за претстојните Новогодинешни празници да го разиграат презничното расположение во Битола и да се доближат поблиску до сите мали дечиња и луѓе на кои посакуваат барем на кратко да им го стоплат нивното срце.
Од идеја до реализација едно украсување е макотрпна работа и не е баш многу ефтина инвестиција и чини малку повеќе од обичното и секојдневно украсување. Во векој случај тоа се прави со многу љубов и е повратна инвестиција бидејќи тоа е дел и од самиот маркетинг и реклама.
Доколку некој сака да биде успешен мора да издвојува малку од неговиот скромен буџет и со тоа истовремено да ја разубави и Битола. Убавината и украсот на дуќанот доаѓа од внатрешната убавина на самите газди, кој тоа побрзо ќе го сфати тоа подобро за нив и нивниот бизнис.
Понекогаш и нашата Битола ја замислуваме да биде украсена како и другите светски метрополи, место кое секој од цел свет би копнеел за прв пат да го посети и да ужива во Новогодишната магија… за крај ни посочија Анита и Андријана од Империјал Студио.