Во текот на вчерашниот ден неколку објекти во старата битолска чаршија беа зафатени од голем пожар кој околу 4 саати и повеќе беснееше од една чатија на друга, предизвикувајќи голем чад кој се гледаше и на неколку километри. Баш тој чад и нашата всадена љубопитност го одведе нашиот сведок и соговорник Ѓунај Велиу од Широк Сокак да дојде на лице место во уличката кај Сабина пред слаткарницата Пикант каде веќе три противпожарни возила започнуваа да се подготвуваат за борба гради во гради со огнената стихија.

Со големо воодушевување ги здогледав вработените од Сабина (продавница на мало и магацин) како здружени и братски, несебично го ризикуваат својот живот и буквално по бермуди и по патики се искачуваат на покривите од нивните комшии.

Вработените од Сабина се сите од различна етничка припадност и сложни како браќа!

Земајќи со себе алат од Сабина, црева, казми, моторна пила, ги сечеја гредите и разместуваа ѓерамидите, гаснеја со вода и со нивни ПП апарати и што уште не. Впечатлива беше улогата на еден од нив, мислам дека е од ромска националност (ќе го забележите со кафеави пантолони на видеото), кој спретно како вистински пожарникар се движеше по гредите и со пожарникарското црево го гаснеше пожарот, не размислувајќи што најлошо би можело да се случи.”

Среќата ги служи најхрабрите! Баш така беше и во овој случај, и тоа замислете по комшиска линија, однос кој во денешно време е незамислива човечка особина.

Пожарот беше четири дуќани под Сабина. Истиот беше локализиран и спречен со големото залагање на ТППЕ Битола и вработените на Сабина како и други битолски доброволци.

Некој од учесниците го ризикува својот живот во густиот чад за да ги растргни ѓерамидите и побрзо да се угасне пожарот (принтскрин од видео)

Некој од учесниците го ризикува својот живот во густиот чад за да ги растргни ѓерамидите и побрзо да се угасне пожарот (фото принтскрин од видео)

За пофалба и споменување е големиот гест на еден битолски пожарникар, кој со неговиот точак дојде на лице место во цивил, а не беше на работа. Го остави точакот (кој има впечатливо широки гуми- најверојатно се работи за Зденката) и отиде кај колегите кои му дадоја противпожарна опрема и облека и веднаш прв влезе во огнот:

“Алал да му е платата шо ја зема”… дополнува нашиот соговорник Ѓунај.

Ние за крај немаме што да додадеме. Пожарот се победи од храброста и пожртвуваноста на битолските пожарникари овојпат заедно со нашите битолчани. Е таа е нашата големина. Голема и битолска заради која сме горди дека сме битолчани. И без дилема тука помогна тој што можеше да помогни, бидејќи таа особина е всадена длабоко во нас и затоа до ден денес опстојуваме. Долги години измачени ама храбри битолчани!

п.с. Бидејќи сме за Битола и битолчани од нас одлучивме САБИНА да ги почастиме со едногодишна бесплатна реклама на нашата www.babambitola.mk

……………………………………………………………..

Сите наши видеа и фотографии ви се слободни на сите за превземање, реобјавување и споделување (спомнете ја само Битола):

https://www.babambitola.mk/bitkata-na-bitolskite-pozarnikari-so-ognenata-stihija/

https://www.babambitola.mk/golem-pozar-ja-zafati-starata-bitolska-charsija/