Во врска со нашиот вчерашен текст “Дека нешто се” крчка” кај Инфо Центарот на Пелистер” денес од нив на нивната фејсбук страна добивме кратко соопштение:

Во врска со: Нешто се „крчка“ околу Инфо Центарот на Пелистер

Она што би требало да се „искрчка“, откако ќе се завршат формалните процедури е БОТАНИЧКА ГРАДИНА НА ПЕЛИСТЕР – со автентичните дрвја и грмушки кои растат на Пелистер / Баба Планина. Со тоа би требало да се подобри самоодржливоста на Информативниот центар. Активностите се подржани со средства на ЕУ обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а реализацијата е преку УНДП…

Преку друг проект, од ИПА – прекуграничната соработка со Грција, треба да биде обновена и заменета со wi-fi софистицирана постановка (повеќејазично симултано информирање) изложбата во Информативниот центар, преку проект кој НП Пелистер, како партнер, го спроведува со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, како водечки партнер…

Би требало да има и други изненадувања… но, информирањето ќе се случи кога ќе се создадат неопходните предуслови…”

Ви благодариме и поддржуваме НП Пелистер