Бишола во X и XI век

Проф. Ѓорѓи ДИМОВСКИ – ЦОЛЕВ
ГРАДЬ СЬ БЫТОЛЬ

На некогашниот битолски Житни пазар, наспроти денешната зграда на “Јавор“, постоеше џамија наречена Сунгур Чауш бег џамија или уште и Стара џамија.

Во 1956 година на тој простор започна изградба на станбени згради. Во расчистување на теренот беше урната и споменатата џамија при кое беше забележан мермерен блок врз кого беше напишан старословенски текст.

Мермерната плоча беше пренесена во битолскиот Музеј, каде се наоѓа и денес. Оваа плоча во џамијата служела како скалило. Текстот од плочата некаде е тешко читлив или скоро нечитлив. Исто така, од левиот долен дел на плочата недостасува парче, кое во уривањето на џамијата со динамит, некаде исчезнало. За пронаоѓањето на делот од плочата иако беше распишана награда во голем паричен износ, никој делот не го пронајде. Како дошла оваа плоча, поточно значаен кирилски споменик, да биде вградена во споменатата џамија не ни е познато. Инаку, оваа џамија претходно била христијански храм т.е. црква.(1)

Своевремено битолската плоча предизвика во научниот свет доста голем интерес. Така, кон текстот се осврнаа повеќе учени кои го реставрираа и го прокоментираа, утврдувајќи дека се работи за спомен обележје во врска со обновувањето на битолската тврдина од страна на царот Јоан Владислав.

Повеќето проучувачи не го доведоа битолскиот споменик под сомнение дека е оригинален, автентичен, но кај некои се јави и мислење дека плочата би можела да биде …вешто подметнат фалсификат од страна на бугарските пропагатори во Македонија… низ последните децении на XIX и првата деценија на ХХ век.(2)

Ваквото мислење остана осамено и не наиде на поддршка кај научниот свет. Исто така остана осамено и милењето дека плочата потекнува од XIII век а не од XI како што е прифатено од посериозните учени(3). Меѓутоа меѓу нив во поглед на годината се јавуваат разијдувања, односно додека Василка и Јордан Заимови сметаат дека плочата потекнува од 1015-16 год(4). Владимир Мошин ја датира во 1016-17 година(5), со назнака дека била истакната на видно место при влезот во тврдината. Оставајќи ги настрана сите меѓусебни несогласувања на учените во поглед на старословенскиот споменик, нас не интересираше само дел од него само еден збор од левата страна на плочата во нејзиниот петти ред, односно како е прочитан тој збор.
Академикот Владимир Мошин, кој прв поопстојно се позанимава со овој споменик во својот труд „Битољска плоча из 1017 године.“(6) тој дел го прочитал: ГРАДЬ СТЫХ АПЛь. Бугарскиот академик Јордан Заимов, по повод трудот на Мошин и неговото читање на текстот од битолската плоча а не само тоа, напиша цела книга(7) во која покрај многуте несложувања со читањето на Мошин не се сложил и со зборот, што нас не интересира, во петтиот ред од текстот. Тој збор Заимов го чита: ГРАДЬ СЬ БИТОЛА.

Со оглед дека и други учени се интересирале и ја проучувале плочата и текстот, целосно или делумно, тоа во јавноста веднаш по Заимова со свој труд(8) се јавува академик Блаже Конески во кој, покрај другото, пишува: „Со љубезна согласност на професор Димче Коцо, којшто подолго време работи врз реконструирањето на оштетените места на натписот, го даваме овде неговото читање кое гласи: ГРАДЬ СЬ БЫТОЛА(9). Нешто подоцна споменатиот академик Д. Коцо во свој труд(10) пишува:
„Во левиот дел од петтитот ред на натписот јас читам ГРАДЬ (11) СЬ БЫТОЛА… Ова мое читање го прими Блаже Конески. По извесно време Владимир Мошин се јави со статијата (12): „Уште еднаш за Битолската плоча од 1017 година“, во која ги анализира сите забелешки на Заимова и на нив со свои видувања и аргументи му одговара. Бидејќи за неговото читање во петтиот ред му беше направена забелешка, на тоа Мошин одговара: „Во петтиот ред на излижаното место можеби би можело да се прифати реконструкцијата ГРАДЬ СЬ БИТОЛА но отсуството на наполно излижаните букви Би T многу ја отежнуват таа ветовеност, како и последниот знак, кој многу повеќе личи на ь отколку на А. Според тоа не се откажувам од мојата реконструкција – ГРАДЬ СВЕТЫХ АПОСТОЛЬ во врска со застапништвото на апостолите.
(13).

Кон овие читања Драган Ташковски, иако му биле познати сите други се задржува само на читањето на Заимов, за веднаш да го негира пишувајќи: “…името Битола… се до крајот на XII век се нарекувала Ботела, Ботели, Бутела а не и Битола, како што стои во натписот на плочата.

Претпоставуваме дека сите споменати учени што ја проучувале плочата, т.е. натписот на неа тоа го чинеле од фотографии или доколку лично ја виделе не й посветиле доволно време во реконструкцијата на текстот од левиот дел на петтитот ред – односно зборот каде се загатнува името на нашиот град Битола. Покрај сиот респект кон споменатите академци и нивниот
вложен труд во реконструкцијата на текстот, кога ги констатиравме нивните разијдувања, а се работи токму за името на Битола и тоа за прв пат споменато во еден таков древен текст, си зедовме за слобода да ги оповргнеме нивните читања, се разбира делумно, откако мошне долго и непосредно го проучувавме оштетеното место и текст. Притоа направивме повеќе
графички копии и констатиравме дека тоа место се чита: ГРАДЬ СЬ БЫТОЛЬ. Ваквото наше читање нешто е слично а нешто различно од споменатите, одиме редоследно:
Прво го срамнивме читањето на Мошин и нашето читање и констатиравме дека не може да дојде читање ГРАДЬ СТЫХ АПЛЬ зашто, иако знакот Бе доста истриен и не се чита, дотогаш буквата Т не е сосема истриена и убаво се оцртува. Натаму Мошин чита Х вместо — кој знак е само за едно место подесно од читањето на Мошин. Па и самиот Мошин, малку се сепнал од забелешката на Заимов, меѓутоа истриените букви
и последната која повеќе му личела на ь отколку на А го натерала да остане при своето првобитно читање. читањето на Мошин:

Второ читањето на Заимов со нашето не се сложува во две букви и тоа со втората и последната од зборот. Втората буква Заимов ја чита и која пак Димчо Коцо и Блаже Конески ја читаат ы во што сме и ние согласни, зашто направените графички копии од плочата јасно ги оцртуваат контурите на тој знак, т.е. Ы.
Трето – остана уште последната буква од зборот што го проследивме. Таа буква Заимов ја чита А додека Д. Коцо и Конески А. Од графичките копии и логичкиот заклучок таа буква не би можела да биде ниту А уште помалу А, туку ь. Дека би можела да биде ьа не Аја насетил и Мошин уште во своето читање и одговор на Заимов. Неприфаќање на читањето на Д. Коцо и Конески, односно А се темели, не само од графичките копии и читањето и образложението на Мошин, туку
и од логиката што се наметнува при употребата на таа буква. Имено низ целиот текст овој глас е запишан со знакот чија основа е остра (А) додека само во последните три реда е употребена со рамна основа (А) што не би било логично, зошто токму само во зборот на градот Битола да се употребува овој облик.

Четврто – Тврдењето на Ташковски дека Битола се до крајот на ХІІ век се именувала поинаку а не како на плочата е сосема во редот на нештата, зашто тие сите именувања се од (15) странски а не од домашни автори, па така гласот Ы, за нив туѓ, го забележале кој како го слушнал или приближно така. Оттука за нас е сосема јасно дека на Битолската плоча за прв
пат се именува градот Битола во својот народен изговор Бытоль, кој облик се среќава натаму во средновековните записи за да дојде во најново време изговор Битоља, и денес Битола.


1 Мехмед Теуфик, Кратка историја на Битолскиот вилает (во превод на македонски јазик), Историски Архив – Битола, стр. 29.
2 Драган Ташковски, Прилог кон таканаречениот „Битолски натпис на Јован
Владислав“, Развиток, бр. 6, Битола, 1980, стр. 513, ф. 21.
3 Владимир Мошин, Блаже Конески, Василка Заимова, Јордан Заимов, Ал. Бурмов,
Вера Стојчевска – Антиќ и др.
4 Василка Заимова, Иван Владислав и неговият натпис, София, 1970 ст. 110.
5 Владимир Мошин, Битољска плоча из 1017 године, Македонски јазик, Скопје,
1966, стр. 4-5
6 Ibidem, стр. 52,54
7 Йордан Заимов, Битолски натпис на Иван Владислав самодържец българиски,
София, 1970. стр. 22.
8 Блаже Конески, За името на Битола, Годишен зборник на филозофскиот факултет
на Унвиерзитетот, Скопје, 1971, кн 23 стр. 441-446.
9 Ibidem, стр. 443
10 Димче Коцо, Прилог кон проучувањата на битолскиот натпис, Зборник на трудови
од I конгрес на Сојузот на друштвата на историчарите на уметноста од СФРЈ,
Охрид, 1976.
11 Ibidem, стр. 59.
12 Владимир Мошин, Уште еднаш за Битолската плоча од 1017 година, Историја,
Скопје, 1971, VII/2, стр. 255-257.
13 Ibidem, стр. 257.
14 Драган Ташковски, цит. напис, стр. 512.
15 Фулхер од Шартр ја именува Bottela (Ариевски Коста, Пелагонија во средниот век,
Скопје, 1944, стр. 83); Вилхелм Тирски ја именува Butella (Византиски извори за
историју народа Југославије, том IV, Београд, 1971, стр. 128, ф.57.) Јован Скилица
го именува Boots’о (Бутелио), ние би додале и Butili кај арапскиот патеписец и
географ Ел Идриси Абу Абдулах Мухамед (Б. Недков, България и съседните и земи
през ХІІ век според географията на Идриси, София, 1960, стр. 39).


Извадок од Битола низ вековите. Голема благодарност до проф. Александар Стерјовски и Пеце Илиевски за достапноста на материјалот кој ќе го имате во електронска форма ТУКА.