Овие слики датираат од самите почетоци на успешната приказна, денес наречена Болница Плодност.
Пред повеќе од 20 години нивните почетоци започнаа од една мала ординација која беше наменета само за гинеколошки прегледи и ИнВитро оплодувања.
Поради посебните методи кои се применуваа од страна на Прим. Д-р Таше Трпчевски и ембриологот Николче Огненовски процентот на успешност на ИнВитро оплодувањата од самиот почеток беше висок.
Целата ситуација во државното здравство и неможноста да продолжи да го применува своето знаење и искуство од полето на лапароскопската гинекологија беше причина за подвигот на Прим. Д-р Таше Трпчевски да ја основа Болница Плодност која денес е лидер во Македонија и регионот по бројот на успешно изведени ИнВитро оплодувањата, успешно изведени операции и број на породувања.
Како што вели и нивниот слоган, денес Болница Плодност е една успешна приказна и место каде желбите на пациентите стануваат реалност.
Ви заблагодаруваат што сте дел од оваа успешна приказна и пред сѐ што им ја дадовте вашата доверба која за нив е од огромно значење!