Како и ланската година, со големо задоволство ве покануваме на овогодишиот качувачки маратон “Go Go Climb”. Станува збор за настан кој е посветен на нашиот другар Гого кој после долга и тешка борба, прерано нè напушти.

Наша чест е да продолжеме да го споделуваме и шириме неговиот ентузијазам и волја за овај спорт.

Настанот ќе се одржи на ново направениот спортско качувачки локалитет “Десарет” покрај Охридското езеро во областа на комплексот Десарет, Охрид. Ќе се качуваат насоки со различни тежини во водство, “on-sight” и top rope. Маратонот ќе започне 09:00 и ќе трае до 13:00 часот. По завршувањето на маратонот, продолжуваме на разладување и пијачка на плажа “Jungle Beach”.
Доколку има заинтересирани, ќе има и пробно качување на насоките.

Доколку имате прашања слободно контактирајте нè на 071 810 593 (Марио) или 070 806 703 (Горан).

Поздрав и се гледаме во Сабота!

https://facebook.com/events/s/gogo-climb/1223435637996125/?ti=as