Бројот на компании кои нудат компетитивни плати, бенефити и одлични работни услови во Битола постојано се зголемува, а од неодамна во таа група на компании се приклучи уште една компанија – Global Help Desk. Global Help Desk е мултифункционална компанија која нуди услуги и решенија во повеќе области (Network Operations Center, help desk, call center) појавувајќи се како 24/7 достапен партнер на своите клиенти, а од друга страна пак нуди одлични можности за вработување, личен и професионален развој. Дознајте повеќе за Global Help Desk од интервјуто со Стефан Стојановски, менаџер на Global Help Desk.

Кој е Стефан?

Стефан Стојановски – родител и горд сопруг, а од неодамна и менаџер на Global Help Desk по потекло и со постојано живеалиште во Битола.

Мојата професионална квалификација и формално образование вклучува Оперативен менаџмент, но работната кариера ја започнав многу рано, во транспортниот сектор. Лично за себе би рекол дека сум човек кој сака да инвестира во себеси, да презема ризици и постојано да учи од грешките. Моето мото е Никогаш не вели никогаш, и секогаш гледај што може да биде подобро и како нештото да го направиш подобро.

Како менаџер на Global Help Desk, кажи ни нешто повеќе за Global Help Desk. Каква компанија е Global Help Desk и како се роди идејата за ваква компанија?

Global Help Desk е мултифункционална стартап компанија која нуди поддршка, услуги и решенија во повеќе области, како што се Network Operations Center (NOC), help desk and all center. Главната цел на Global Help Desk е овозможување на нашите клиенти и нивните бизниси да функционираат беспрекорно секој ден преку давање на 24 часа поддршка и надгледување на нивните системи, 7 дена во неделата.

Идејата за основање на Global Help Desk се јави како резултат на потребата на компаниите за партнерска компанија која ќе им дава услуги и решенија од повеќе области (call center, help desk, NOC), а со тоа ќе им овозможи да напредуваат и да се прошируваат на пазарот брзо. Услугите и решенијата кои ние ги нудиме веќе постојат на пазарот, но ретко се обединети на едно место, а тоа е она што нас нè издвојува на пазарот. Фактот што нудиме услуги и решенија од повеќе области им овозможува на вработените да се пронајдат во областа која нив најмногу им одговара, и да го продолжат својот личен и професионален развој во насоката која тие ја сакаат, а е во согласност со нашата компанија.

На што се фокусира Global Help Desk? Што им нуди на клиентите, а што на вработените?

Во поглед на пазарот на делување, Global Help Desk е фокусирана на домашен и странски пазар, односно секаде каде што има потреба од ваков вид на услуги и решенија. Не сме ограничени географски, а исто така не сме ограничени ни во палетата на услуги и решенија кои ги нудиме. Како што растеме, и сѐ развиваме, така се зголемуваат и услугите и решенијата кои ги нудиме се со цел да им излеземе во пресрет на барањата на нашите клиенти.

Што се однесува пак до вработените, нудиме комфорна работна средина каде нема граници за развој на потенцијалот. Секој работен ден е различен од претходниот со голем број на предизвици и нови работи, проекти кои го мотивираат вработениот постојано да учи и да се развива. Освен тоа нудиме можност за директен контакт со клиенти и паралелно развивање на техничките и меките вештини.

Кои се идните планови на компанијата и како може да станеш дел од Global Help Desk?

Моментално бројот на вработени во Global Help Desk е повеќе од 10 и нашите планови се насочени кон зголемување на бројот на вработени, обуки, и растење на тимот. Така што секој кој е заинтересиран да стане дел од нашиот тим, може да ја посети нашата вебстрана www.globalhelpdesk.eu и да аплицира, или да го пушти своето CV на [email protected].

За сите оние кои сакаат да научат нешто повеќе за нас, може да ја посетат нашата веб страна, да ги заследат нашите профили на Инстаграм, Facebook и LinkedIn или да нè контактираат директно во Global Help Desk
ул. Карпош бр.14, 7000 Битола.

Андријана Димитриевска

[email protected]

andrijanа[email protected]