Битолчани кои беа свикнале на газиените ламби многу бавно го прифаќале воведувањето на електричното осветление во своите домови. Така, слободно може да се каже дека, во времето кога почнала со работа термоцентралата, во домовите на битолчани имало повеќе клавири отколку електрични светилки!

Ваквата парадоксална состојба зборува за присуството на снобизмот и традиционализмот кај населението на конзулскиот град. Според Бундалевски, ваквиот однос кон прифаќњето на електричното осветлување не се должело на недостиг на средства. Командитното друштво давало мошне поволни кредити за воведување на електрично осветлување во домовите на граѓаните. Наспроти тоа, термоцентралата работела со многу мал капацитет. Но, во текот на втората година од нејзиното започнување со работа бил забележан извесен подем. Дури тогаш започнува помасовно прифаќање на електричното осветлување од страна на дуќанџиите и домаќинствата.

Извадок од пишувањето за првата термоцентрала во Битола на Симеон Бундалевски.

Пишува Кирил Добрушевски