Ги мислевме дека се повеќе, но само ова го регистриравме. Ако нешто пропуштивме слободно пратете ни во порака ќе додадеме. Цвеќето е знак дека некаде има љубов, дека има луѓе кои сакаат да се грижат за нечија убавина. За домаќинлук. Низ Гинимаале и куќите полека го губат автентичниот стар изглед, незаштитени од институциите на системот. Ги нема и старите бабички кои беа размуабетени една со друга, седнати на каменот пред порти. Славно Гинимале за жал на сите, „ни гини“ и ни заминува , тивко и без поздрав…