По повод глобалната кампања 16 дневен активизам за спречување насилство врз жените, водени од паролата “Нема оправдување” , ученици од СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито”- Битола во организација на тимот за превенција од насилство предводени од психологот Лидија Споа и професорот Никола Трајковски и оваа година традиционално имаа повеќе активности меѓу кои беше кратката драматизација во која е прикажано семејното насилство и “Флеш Моб”, годинава во соработка со ученици ОСМУ “Д-р Јован Калаузи” Битола под менторство на Иле Марковски.
Во наредните денови го очекуваме и видеото од настанот, следете не…