На 07.12.2019 г. со почеток во 20.00 ч. во Голема сала на НУ Центар за култура Битола, новиот македонски филм „Дедо и внук“ ќе ја има својата премиера пред битолската публика.
Режисер и сценарист на филмот е Илија Пиперкоски.
Продуцент на филмот е Огнен Антов, директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафироски, додека костимограф е Жаклина Крстевска.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои и младиот Наум Цветкоски.
Синопсис:
После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато.
Трејлер:
https://www.youtube.com/watch?