Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за традиционалната изложба „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2020″.

– Конкурсот ќе биде отворен од 27.07.2020 до 10.08.2020
– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
– Тема на конкурсот е „ ЉУБОВ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА “.

Фотoграфиите треба да говорат за животот во Битола и новата реалност предизвикана од глобалната пандемија со КОВИД 19.
– Награден фонд – Прва награда: 4000 ден, Втора награда 3000 ден и трета награда 2000 ден.

ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ

– Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири ќе изврши селекција кои фотографии ќе бидат дел од изложбата)
– На фотографијата да нема потпис или друг дополнително внесен текст или графички елементи.
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth FULL COLOR.
– Фотографијата да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола “.

ФОТОГРАФИЈАТА ЗАЕДНО СО ПОПОЛНЕТАТА ПРИЈАВА http://cedi.mk/prijava-za-uchestvo-so-ljubov-od-bitola-2020/

ТРЕБА ДА СЕ ИСПРАТИ НА Е-МАИЛ: [email protected] , НАЈДОЦНА ДО 10.08.2020 год. со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2020 .

Организаторот го превзема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии.

ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2020“ ЌЕ СЕ РЕАЛЗИРА ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА МЕСЕЦ АВГУСТ 2020