Уште од оваа ноќ од запад и од северозапад облачноста ќе започне да се зголемува па веќе во текот на утрешниот ден (вторник) уште во претпладневните часови во западните предели локално ќе има појава на дожд и грмежи а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Од пладне па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

И во Битола и битолско Флоријан носи услови за нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени меѓутоа навечер ќе започнат да опаѓаат поради продор на посвеж воздух од север кој ќе услови засилен северен ветер во среда и во четврток.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА КАКО И НА СИЛЕН ВЕТЕР ДА НЕ СЕ ПРЕТСТОЈУВА НА ОТВОРЕН ПРОСТОР КАКО И ПОД ОСАМЕНИ ДРВЈА ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД УДАР НА ГРОМ А ГРАЃАНИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА СИЛЕН ВЕТЕР ДА ВНИМАВААТ КАДЕ СЕ ДВИЖАТ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.