На Ендуро трката во Спречијада Грција ,прва трка од грчкиот серијал на Ендуро трки, учествуваа седум бајкери од Екстрим Бајк Тимот од Битола, каде имаше вкупно 220 учесници од 7 земји.

Во вкупно пет трки во еден ден во просек по шест минути спуст на една стаза, битолчани успешно и без повреди ја завршија трката и тоа Јовче Даскаловски сите на 7-мо место во Мастер категоријата, Александар фидановски 14 во Елит категорија, Ивица Здравевски 9ти во Мастер, Радослав Јанкуловски 12ти, Мартин Цветановски 15ти ,Тони Наковски 23-ти, Андреј Нашоку 7ми во Ветерани.