Физиотерапевтите од Битола Илија Жежов и Филип Кипроски секој викенд на лицата во домот Сју Рајдер Битола им овозможуваат и им прават бесплатна физикална терапија.

Ова е доказ дека хуманоста и делата што ги прават тие се доказ дека со вложувањето и нивната љубов кон медицината секогаш прават многу успеси и среќни моменти кај нивните пациенти.
Како што велат Илија и Филип тие работата и помошта што ја даваат секогаш ги храни и ги прави среќни, среќни затоа што луѓето се среќни и исполнети од нивната помош, а тоа им дава успеси и уште повеќе мотив за работа и љубов кон медицината.

Лицата во домот и раководството на чело со директорката Марина Крстиќ се пресреќни и задоволни од помошта која им ја пружаат и овозможуваат Илија и Филип, тие за БАБАМ БИТОЛА потенциираа дека ваквата помош ќе трае подолг период бидејќи лицата навистина имаат потреба за физиотерапија, Илија и Филип тоа го реализираат од срце и душа а помошта во справувањето со секојдневните проблеми со здравјето за лицата е добредојдена.