Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува со победите во Суперлигата, откако по поразот од Вардар во дербито во Скопје, вечерва го впиша петтиот триумф во низа. Во Автокоманда, момците на Жељко Бабиќ покажаа квалитет и решителност и без никакви проблеми го средија тимот на Металург, победувајќи го со 25-38.

Ракомет – Суперлига (деветто коло)
Металург – Еурофарм Пелистер 25-38 (11-21)

Спортска сала „Автокоманда“
Гледачи: 300
Судии:

Металург:
Дупјачанец, Брестовац, Бардакоски, Петров 1, Петковски. Субашевски, Хорват 7, Улисес 3, Лазаревски 2, Озтурк 9, Митиќ 1, Каковски 2, В. Маркоски
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер
Секељи, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 2, Н. Маркоски 5, Маџовски 5, Кукуловски 2, Танкоски 3, Периќ 1, Костески 3, Кукоски, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 3. Обрадовиќ 2, Табоада 3
Седмерци: 1/0
Исклучување: 4 минути