Elysium kitchen & bar е угостителски објект сместен во срцето на Битола. Совршен спој на одлична локација, внимателно избрано мени и беспрекорен ентериер за совршено уживање. Долгогодишната семејна традиција во обработка и продажба на месо е основата за започнување со оваа гастрономска приказна во која заедно со вас, нашите почитувани гости, ќе уживаме и ние.

Elysium е царство на добри вкусови, необични специјалитети подготвени од свежи и квалитетни состојки по уникатни рецепти и голем избор на пијалоци, сервирани во одлична атмосфера и беспрекорна услуга. Разновидната храна која ви ја нудиме почнувајќи од утринските оброци, вкусните закуски и врвните рецепти на главните јадења како и незаборавните десерти се причина да се вратите тука повторно на обострано задоволство.

Elysium – рајски вкусови приготвени со многу љубов!