Урнебесна комедија ,, Обвинителка” со актерската ѕвезда од Србија Лидија Вукиќевиќ на 1-ви Април ќе гостува во Центарот за култура во Битола.
Во оваа комедија каде Вукиќевиќ ја игра главната улога на сцена ќе ги видиме и македонските актери: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.

,,Обвинителка” ја третира денешната состојба во општеството. Одговара на низа прашања, како е да си обвинителка, како е да си вработен во обвинителство, како се бараат начини за спас од обвинение, љубов, ризик, бегство…
Низ многу комични ситуации публика ќе ужива во брилијатната актерска енергија и ќе се насмее до солзи.

Авторот на оваа комедија е Огнен Неделковски, сценографијата е на Крсто Богојевски, костимограф: Елена Лука, а музиката е авторско дело на Мишел Трајковски.
Оваа претстава е базирана на соработка на уметници од Македонија и Србија.
Билетите се веќе пуштени во продажба на касата на Центарот за култура во Битола, а интересот за оваа хит комедија е огромен.
Од тимот на Вукиќевиќ најавуваат дека публиката ќе ужива во оваа комедија, а Битола е омилената дестинација на големата актерска дива Вукиќевиќ.