Екипата на Екстрим Бајк од Битола во текот на денешното попладне работеа на нивната. DOWNHILL планинска велосипедска стаза кога во еден момент кај 19 часот почуствувале миризба од чад. Веднаш со нивните велосипеди започнаа потрага и го лоцираа местото на најверојатно подметнатиот пожар:

Околу 17 часот јас со моите другари пристигнавме за да ја уредуваме стазата за Даунхил на Пелистер. Кога привршувавме после 19 часот почуствувавме миризба од чад меѓу Молика и Копанки на скијачката стаза. На лице место имаше едно запалено дрво кое веднаш со нашите алати започнавме да го гасниме пожарот. Во околината имаше многу дрва и мораше веднаш да реагираме. Шансите да удри гром на земја се многу мали и денешното попладне тука немаше грмотевици, незнам шо да речам. Ова е најверојатно подметнат пожар во времето од 17.00-18.00 ч. , ни посочи Боби Ивановски дел од Екстрим Бајк.

Апелираме до надлежните служби на Националниот Парк Пелистер да обратат повеќе внимание и да ја зголемат нивната будност со цел овие намерни пожари да бидат навреме откриени, угаснати и санкционирани бидејќи минатото на Баба Планина памети големи и застрашувачки пожари од злобни и пакосни намерници.

БРАВО ЗА ДЕНЕШНИТЕ НАШИ ХЕРОИ, ЕКИПАТА НА ЕКСТРИМ БАЈК ОД БИТОЛА


Доколку имате сознанија за можни сторители пријавете на 192