Заради нејзиниот професионален ангажман во Март оваа година во Битола престојуваше Сара Ароести, познатата еврејска ладино пејачка со битолско потекло. Таа во битолското Гимел Студио снимаше дел од нејзиниот албум. За време на нејзиниот тукашен престој испрати разгледница од Битола со топли поздрави до нејзините најмили во Америка.
“Во случај да некогаш сте се запрашале колку време е потребно разгледница од Македонија (испратена на 14 Март) да пристигне во САД за време на пандемија – ЧЕТИРИ И ПОЛ МЕСЕЦИ!
Ова им го испратив на моите деца во пролетта од моето последно работно патување таму – и ние тоа го добивме. Јас навистина не мислев дека некогаш ќе ја добијам оваа разгледница. Сѐ е можно.”- се пошегува Сара на нејзиниот фејсбук профил.