На 29-ти и 30-ти август, во Битола ќе се одржи третото издание на Интернационалниот џез фестивал„ Џез Фабрика Фестивал Битола – Jazz Factory Festival Bitola 2020, со исклучителна програма . ЏФФ. Битола, e единствен џез фестивал во Битола, со сериозна меѓународна програма (во прилог) и главен акцент на промоција на македонските џез артисти, што ја става Битола во листата на градови со џез култура, придонесува кон културната децентрализација и меѓународна промоција на Општина Битола.

Фестивалот има автентичен пристап кон промовирање на џез културата, фузија помеѓу едукативни работилници, мастер часови, музичка индустрија и новинарство, мрежно поврзување и регионална соработка, како и промовирање на домашни и регионални авторски џез изведувачи. Уметници кои досега настапиле на фестивалот се : Теодосиј Спасов – Бугарија, Васил Хаџиманов – Србија, Душан Јефтовиќ – Шпанија, Тони Китановски, Сашо Поповски, Фирс, Кабадајас, Џоле Грујовски и други. Со вкупно 15 концерти и 6 работилници на сцената на Народниот театар Битола, како и локални клубови и културни сцени, имаме присуство од над 1000 посетители во првите две изданија.
Повеќе информации за активностите на фестивалот на нашата веб-страна: www.jff.mk .

ПРОГРАМА Отворена сцена НУ Народен Театар Битола Сабота 29 Август
• 19:00ч Антоније АВП Проект – Р.Македонија
• 20:00ч Брама Амити – Р. Македонија
•21:00ч Арменд Џафери – Тони Китановски Квартет Р.Косово – Р.Македонија
• 22:00ч АЈС Квартет – Р.Албанија
• 23:00ч Ирена Благојевич Квартет Р.Србија – Р.Македонија.

Недела 30 Август

• Промоција на книгата „Press & Play” Ненад Георгиевски All About Jazz (USA)

Доделување награда „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2019г.