Во месец август на Хераклеа се закажани неколку музички концерти, претходно на Хераклеа исто така беа одржани и политички трибини… истите ќе бидат т.е. беа одржани со соодветни безбедносни протоколи, и со намален капацитет.
Прашуваме, зошто не можи истиот протокол, истите правила да важат и за натпреваритe на Фк Пелистер Под Тумбе Кафе, и воопшто низ стадионите во Македонија. Нека надлежните обележат каде посетителите можат да седат, да биде задолжително носењето на маска, на влез да се мери температура итн… Оваа здраствена криза може дa трае подолго време, и мора да се пронајде начин да продолжиме да функционираме. Го поздравуваме потегот културните настани да бидат со публика, и апелираме истото да се примени и за спортските настани. Фер е и спрема спортистите, навивачите а и самите финансиери на спортските клубови.
ПЕЛИСТЕРЦИ, со среќа во новата сезона и се надеваме дека за скоро заедно ќе ги славиме успесите што ни претстојат.ФУДБАЛОТ БЕЗ НАВИВАЧИ НЕ Е ФУДБАЛ!!!
Чкембари Битола