На 7ми Март, ПроКредит Банка преку Ротаракт клуб Широк Сокак донираше канцелариски мебел во ЈЗУ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА “ Д-р Трифун Пановски “, Битола на одделот за Гинекологија и Акушерство и Неонатологија и тоа дванаесет шкафови, четири метални конструкции за чување на лекови и масичка. Вредноста на донацијата се проценува на 3000 евра.
За младите ротаријанци од Ротаракт клубот „Широк Сокак“ оваа е втора донација на одделението за Гинекологија и Акушерство и Неонатологија.
Донацијата беше во вредност од 1300 евра односно 80 000 денари и се состоеше од постелнини, и тоа јоргани, перници, заштитници за душеци, крпи со висок квалитет.