Моќниот џиновски циклон БРУНО се повеќе ќе влијае на времето кај нас.

Денес (сабота) во попладневните часови претежно на запад и северозапад и тоа на планините но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за редок град.

Веќе утре од попладневните часови па натаму во најголем дел од државава ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста и врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон понеделник како и во понеделник.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Локално за кратко време можно е да наврнат дури над 20 л/м2 воден талог.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степеми меѓутоа во текот на утрешната ноќ поради продор на свеж воздух од север ќе бележат тенденција на значително опаѓање (дури за околу па и за повеќе од десет степени).

Освежувањето на времето најмногу ќе се почувствува во северната половина од државава.

Во Битола Бруно ќе дојде од утре, недела особено навечер и ноќта кон понеделник, како и во понеделник големи услови за врнежи, грмежи и услови за локално невреме.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека електричните уреди во домовите додека траат електричните празнења да се исклучуваат од штек а автомобилите да се ставаат понастрана од дрвја во случај на појава на силен ветер.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!