Приказната за познатата битолска фамилија која моментално е со над 100 наследници започнува во Прилеп. Таму бил почетокот на нивниот прв Деветантерија пра пра дедо Иљо. Водењето на слободен живот како неженето и младо момче го доведе до проблеми со некој Турчин од кого имал голема мака. Неговата бестрашност во тоа време тој ја покажал на дело и му се спротиставил на таа тортура, го нападнал Турчинот кој другиот ден од повредите почина.
Бидејќи тогаш Прилеп бил многу мал град, Варош, а и сите се познавале, тој побегнал оттаму во поголем град, каде што никој нема да го познава. Така доаѓа во нашиот град, Битола далечната 1870/71 каде се оженил со битолчанката Донка и останал да живее. Две поколенија после него повторно доаѓа, сега дедо Иљо, кој бил прав еснафчија и познат битолски шнајдер.
Тој лично само за него имал сошиено неколку антерии (костуми). Бил многу педантен и убав човек и секој ден се облекувал во различен костум (антерија).
Бидејќи во тоа време актуелен бил маалскиот живот и дружење, сите жители во Гинимаале биле пред порта на камен или стол кај нивните куќи. Од страна на неговите сосетки низ смеа стално бил запрашуван да не има 9 (девет) антерии секој ден што ги менува…
Така од нив настанал прекарок деветантери кој до ден денес го носат гранки од пет главни наследници на Иљо – Ване, Благој, Кире, Методија и Кивка.
Денес помеѓу постарите битолчани сеуште е останато мислењето дека ако секој ден си елегантен и педантен си како „деветантерија“.
Сигурно неговите наследници гордо го носат нивниот наследен прекар кој многу кажува за оваа голема фамилија. Поздрав до сите.
Голема благодарност до Мартин Деветантерија Илиевски