Битола е подготвена!🌟

Мили дечиња, почитувани родители, драги бадникари,

Соочени со кризата која нé погоди буквално сите, свесни за топлината и љубовта која ни е потребна, годинава Бадниковите поворки ќе ги згреат сите срца, исто како и минатите години, но на малку поинаков начин.

До големиот Ден, имате за задача да подготвите честитки и писма со најубави желби и да ги донесете во нашата обележана магична кутија која е поставена веднаш до плоштадот Магнолија. Не заборавајте да го напишете вашето име на честитката која ќе ја оставите. Следете нé за понатамошниот тек на настаните.

Со мноооогу љубов,

Организационен одбор на Бадниковите поворки- Битола 🌟🌟🌟🌟🌟🌟🌟🌟🌟