(Недела 10.05.2020 во 20.00 часот)
Нашата Битола е наш дом, наша гордост, онаа со која се фалиме каде и да одиме. Најопеан град, град кој низ историјата одолевал на секакви искушенија и сеуште не храни секојдневно со радост и убавина. Има ли поубав начин да се искаже љубовта кон соопствениот град, ако не преку песна? Има ли подобар начин да го негуваме тој пламен во детските срца ако не со песна?
Понесени од љубовта кон својот град и мисијата на детскиот хор : “Ние пееме за еден поубав и подобар свет “ минатата година во студио “ Момировски ” е снимена првата детска химна на градот Битола. Музиката е на нашиот битолчанец, композиторот Николче Мицевски а текстот е на Марина Коруновска и Маја Митровска.
“ Планиравме со голем концерт на детскиот хор “Ѕвончиња” да направиме промоција на химната, но поради настанатата ситуација тоа не беше возможно. Го избравме овој начин да им ја подариме песната на сите битолчани и Македонци, каде и да се во светот. Секое дете во домашни услови го сними својот глас а придружувани се од Александра Јанковска – пијано, Томе Спасовски- бас гитара, Александар Гацоски- кахон и нашиот ученик Андреј Стевановски – гитара. “ Марина Коруновска ( раководител на детскиот хор “Ѕвончиња”)
Во недела во 20.00 часот ќе биде промоцијата со livestream на youtube на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch…
Проектот е подржан од Bimilk и Општина Битола а наскоро најавуваме и видео спот со убавините на нашата Битола <3 Една си на светот, најмила