Изворите за света вода се познати меѓу народот бидејќи за многу од нив водата била полезна. Верувањата за лековитоста на овие свети извори се одамнина и се пренесуваат од колено на колено, со генерации наназад.
Според народните раскажувања светите води помагаат на тие што страдаат од некакви душевни растројства, против уроци, за рани, помага кај децата кои мократ во сон, имаат немирно спиење, за главоболка, го бистри умот и го јакне телото и друго.
Обично луѓето на вакви места доаѓаат по препорака од други или по аманет на локални гледачи, бајачи и слично.
Еден извор од овие свети води има во близина на црквата св. Ѓоргија во с. Брусник која е веднаш до стадионот и селскиот пат кој води до с. Дихово.
Првиот извор на Светата вода се наоѓа во горната страна од стадионот кој пресушува, но се појавува во долниот дел под стадион, извор од истата вода кој е постојан во текот на целата година . До него се доаѓа во подножјето на стадионот по мала козја патека која поминува покрај напуштен објект.
Тука може и сам патот да Ве донесе како што нѐ донесе и нас денес. А ние сме од тие што раскажуваме, па вие доколку сакате посетете го ова свето место на 3 километри од Битола. Само запомнете до 12.00 ч.
Нека Ви биде на здравје.
п. с. Не се ориентирајте според таблата за Света вода, не е точна.