Денес се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
Инаку овој празник е празник на младите сопружници кои стапиле во брак годината пред Младенци, односно оние кои се венчале после 22 март претходната година.
Задолжителен обичај е младите кои се венчале годината пред Младенци, на овој ден да одат во црква и да ги запалат свеќите од венчавката за да се догорат.
Вечерта на Младенци најчесто во домот на младите доаѓаат гости да им посакаат среќа во бракот и желби за новороденче. Во некои случаи на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.
Фотографии од внатрешноста на Храмот св. 40 Маченици