Ракометарите на Пелистер денес во спортската сала “Боро Чурлевски” го имаа премиерниот собир во 2019, за продолжение на Суперлигата во ракомет на која пелистерци го заземаат 3. место .
Тренерот Јошко Петковиќ официјално го означи стартот на зимските подготовки на кој во стројот беа сите ракометари тука беше и новото засилување , Игор Трајковски а недостасуваа : Харис Плех, Кире Митревски кој се опоравува од повредата, недостасува и габонецот, Черубин Табангует и Реваз Чантурија кој беше на турнир за квалификации на европско со националниот состав на Грузија .

РК Пелистер ги израдува најмадите фанови на зелено-белите со клупски календари кои дојдоа на првиот тренинг во спортската сала – “Боро Чурлевски” .