На 23 Јули 2022 г. во 20.00 часот во Палатата на културата – Офицерски дом во Битола имавме можност да чуеме и запознаеме двајца млади уметници, музичари и колеги, Драган Најдоски (тенор) и Горан Србиновски (пијано).
На концертната програма се најдоа дела од Ф. Шуберт, Р. Штраус, Џ. Верди, Г. Доницети, Ж. Бизе и други.
Двајцата уметници не одведоа во една волшебна романтична епоха, а публиката им возврати со воодушевување и аплауз.
Да се надеваме дека и понатаму ќе имаме можност да ги слушаме и дружиме.