Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги продолжија подготовките за сезоната 2022/23. Ларс Валтер и стручниот штаб утрово одработија тренинг сесија во Битола и потоа експедицијата на Еурофарм Пелистер замина на еднонеделни базични подготовки во Маврово.

Таму пелистерци ќе минат седум дена и напорно ќе тренираат, без пријателски натпревари.

Повикани ракометари за подготовките во Маврово:

Голмани:
Урбан Лесјак
Марко Кизиќ

Леви крила:
Цветан Кузманоски
Гоце Ојлески
Бојан Маџовски

Леви бекови:
Руди Сери
Дејан Кукуловски
Емилијан Ѓорговски

Средни бекови:
Вилсон Дејвис
Павле Атанасијевиќ
Марио Танкоски

Десни бекови:
Усама Хосни (се приклучува директно во Маврово)
Павле Петровиќ
Мартин Велковски

Десни крила:
Мирко Радовиќ
Ненад Костески

Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски
Денис Васиљев

Дефанзивец:
Милорад Кукоски