ЈП “ Стрежево” – Битола, како субјект кој стопанисува со Ски центарот Ниже Поле, продолжува со конкретни инвестиции во модернизација на Ски центарот преку подобрување на патеките и безбедно скијање во интерес на нашите посетители.
Набавена е специјализирана машина за обработка на снег – тапкач на снег (ратрак) и за прв пат на патеките на нашиот ски центар ќе се појави современа ски санка со исклучително прецизно управување, која ќе игра многу важна улога во безбедноста на патеките односно елиминирање на ризиците во сите снежни активности на нашите ски патеки.
При евентуална повреда на скијач на повисоките предели ќе може безбедно повреденото лице да се пренесе до почетната станица, а од друга страна тапкачот на снег ќе овозможи уредување на патеките и подобрување на условите за скијање.*
Сето ова се должи на домаќинското работење на ова јавно претпријатие под раководство на Менде Граматковски кое е пример за сите останати. Браво и поддршка од нас.
*Извор и фотографии ЈП Стрежево Битола