И се заканува ли на Македонија рестрикција на струја или уште полошо мрак?! Јаглен, со кој требаше да се засили производството во единствената надеж на енергетскиот систем РЕК Битола, во регионот очигледно нема.
Неуспешно помина тендерот на кој државата итно бараше да се купат 900.000 тони јаглен за потребите на РЕК Битола. Понуденото количество е далеку помалку од она што се бараше на тендерот. Се пријавиле девет компании, ама ниту една понуда не била приближно до бараната. Понудени биле само 165.000 тони. За РЕК Битола државата ќе си ја проба среќата на втор тендер. Но, ако соседите не понудија, тогаш на вториот тендер и да се добие потребната количина јаглен, таа ќе биде многу поскапа, а и дополнителниот транспорт ќе влијае плус на цената.
Дополнителното вклучување на третиот блок ќе значи и поголемо загадување на Битола и Пелагонискиот регион со сулфур диоксид бидејќи елекстростатскиот филтер кој неколку изборни кампањи се ветуваше не е променет повеќе од 20 години. За неколку милиони евра е ставено на коцка и здравјето на битолчани кое никој потоа не може да го купи со пари.
Што е следно прочитајте кај нашите соработници Pari.com.mk