Наредната сабота на 30-ти Октомври во 19.00 часот со локација во Малата сала на Центарот за Култура ќе се одржи промоција на книгата „Патување низ животот со музика“ на нашиот битолчанец Слободан Димитров,
На самата промоција ќе биде претставена и песната за Елени Каринте
чиј автор на музиката е самиот тој.
Слободан Димитров – Данчо е роден во 1945 г. во Битола. Основното и средно образование го стекна во Битола. Правниот факултет го заврши во Белград, а после шест години го положи правосудниот испит. Животот го помина во музичко семејство, со татко-воен музичар. Музичкото описменување го започна во есента 1954 и наредните години, кога во 1960 го заврши Основното музичко училиште во Битола. Виолината му е животен сопатник, како исполнител на сериозна и народна музика. Автор е на неколку музички дела од областа на народниот мелос. Три негови музички творби се во фонотеката на Радио Белград. Добитник е на првата награда од стручното жири на Белградскиот сабор во 1975, за естрадното “Битолчанка оро”
изедувано на сите континенти. Адвокатурата му е професија, а музиката е неговата љубов. Слободан беше дел од првиот камерен оркестар во Битола.
Идејата за книгата е започната по предлог на сега починатиот битолчанец и поет Панде Манојлов, со кого имаат и заедничка песна која ќе биде истотака дел од неговата книга.