Битола е град, кој со неговата околина е на прво место по вера и побожност, не само на Југот на нашата држава , можеби и малку подалеку. Битолската околина има многу стари и убави цркви и манастири, на кои се странците им се восхитувале уште во XII век.
Кај градските гробишта наречени „Буковски“ лоцирани веднаш до Битола, имаше една многу стара капела. Новиот старешина, протоереј, г. Петар Е. Поповиќ, започна да гради нова капела и да биде осветена во текот на месец септември.
Оваа нова капела е изградена и посветена во чест на, Дванаесетте апостоли Господови и е направена на многу убав стар Византиски стил според планот и пресметките на инженер-архитект, г. д-р. Јан Дубови. Целата изградба досега чинеше над 120.000 динари според записите и бесплатната работна рака.
Црквата има многу убав иконостас, цел од длаборез направен од г. Ѓорѓе Караџич, апсолвент на Длабокорезачката школа во Охрид. За преубавите икони се погрижија г. Иван Мелников, ликовен сликар од Битола и Димитрије Андонов од Скопје. За подигнувањето на оваа капела многу битолчани помогнаа со нивниот труд и материјал. Општина Битола даде 4.500 динари; г. Михаило Економо, трговец 2.000 динари, Петар Ѓоргиевич поп 2.000 динари; г. Петар Е. Поповиќ, протоереј, старешина на оваа црква, 5.000 динари; вдовицата на починатиот Протоереј Сретен Попович динира 1.000 динари: Лазар Србинович трговец 500 динари: Викторија Ванча, хронограф 1.000 динари; г. Димитрије-Таџи Бојаџијевиќ, рентиер во Скопје две икони во вредност од 1.000 динари; Петар Ѓорѓевиќ, свештеник, една икона во вредност од 700 динари; вдовицата Чомич, една икона во вредност од 900 динари; г. ВаСилије Лазаревиќ, протоереј, икона во вредност од 500 динари, вдовица Хариклија г. д-р. Ксифте икона од 500 динари; г. Петар Јованович, менувач, царски врати во вредност од над 5.600 динари; г. Гаврило Адамовиќ, свештеник, сè околу престолот од мермер и друго во вредност од над 1.000 динари: г-ѓа Фанија Прендиќ, 300 динари: Нико Јовановиќ, трговец на ракија, 100 динари, и многу други .Осветувањето на оваа прекрасна црква, покрај која подигната друг објект кој служи за престој, заедно со многу убава влезна врата ќе се случи наскоро. Заслугата за нејзиното подигање му припаѓа на Протоереј г. Поповиќ и неговиот помошник г. Димитрије Илиќ секретар на Трговското друштво.
Весник Правда, 31 јули 1937 г.