Црква св.Богородица с.Кравари, битолско

Според кажувањето на старите краварци, пред изградбата на постојниот храм, на истото место имаало мало црквиче со икона на Св. Богородица. Во него краварци палеле свеќи и ги изразувале своите верски чувства.

Новиот храм Св. Богородица најверојатно е граден во 1930 и 1931 година. Изградбата на храмот, како задужбина, ја финансирале Стево и Стојна од село Градешница кои живееле во САД. Изградбата на иконостасот и сликањето на фреските било направено во 1931 и 1932 г. Прво крстено новороденче било девојчето Даница Димовска во 1932 год.

Заедничка слава на жителите на село Кравари е Успение на Пресвета Богородица позната кај народот како Голема Богородица која се слави секоја година на 28 август.

Текст Википедија, фотографии Мој Роден Крај