Под влијание на Медитеранскиот циклон ОЛИВИЈА до крајот на денот ќе имаме облачно време со врнежи од дожд во најголемиот дел од државата, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде очекуваме значително зголемување на снежната покривка (за 20 до 30 см, можно е и повеќе).
Снежната граница може да се спушти и нешто под 1000 метри, па така врнежи од дожд и снег ќе има и во Битола и битолско.
Количеството на врнежи локално ќе изнесува и над 30 л/м2 и тоа особено во јужните предели на државава.
Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени.
Нов поголем бран на врнежи, овој пат претежно од дожд очекуваме од вторник.
Славчо Попоски