По преспиена ноќ, малку со оладени глави да напишеме збор два за вчерашното дерби. Пелистерци, БЛАГОДАРИМЕ за лавовската битка и за издвојуваната толку посакувана победа над вечните ривали.
Чкембари бројка одлична, навивање солидно. НО сепак останува останува она чувство дека некои немили сцени можеа да се избегнат. За во иднина мора да внимаваме и да не ни се повторуват некои работи.
Збор два и за спротивниот табор, 2022 година многумина надвор од салата скршено стакло од автобус го прославија како цел автобус онака во фер фајт да го имаат истепано. Мажишта со бехатон плочки во раце и лешници во срце. Мизерија!!!
Да не е се така црно, некои дечки и од кај нив, испочитуваа некој навивачки кодекс и помогнаа на наш повреден член.
Дербито помина, а пред нас се уште многу предизвици кои ни престојат оваа сезона. Само СПЛОТЕНИ можеме да стигнеме до целта која сме ја поставиле пред нас.
Чкембари Битола