.
БИТОЛА, АПРИЛ — Изминаа неколку години од исклучувањето на сообраќајот од центарот на градот а главната улица „Маршал Тито” се уште го нема добиено конечниот зглед. Некогашниот „Широк сокак“ се планира одново да стане најактрактивен дел од градот. За таа цел понудена е идејната концепција за уредување на просторот на самата улица и објектите во нејзината околина. Улицата Маршал Тито располага со голем фонд стари објекти, интересни од повеќе аспекти.

Се предвидува повеќето од нив да бидат раставрирани и адаптирани. Со изработката на елаборатот за инфраструктурата на оваа улица, се очекува успешно да биде решено прашањето со електрична енергија, телефонски приклучоци, инсталации за парно греење, и друго. Сегашниот коловоз и тротоарот во еден дел се со коцка, дел со асфалт. Новиот концепт предвидува на целата површина да се постават камени плочи и
гранитни рапави коцки. Предвидено е засадување на разновидно зеленило.

На некогашнот „Широк сокак“ повторно ќе се за сади дрвото магнолија, а ќе има и костени, багреми, липи и борови. Со ваквата концепија се предвидува да се посадат сите зеленила што некогаш вегетирале на оваа улица. Така, диви костени ќе се засадат пред хотелот „Епинал“ и поранешниот „Трудбеник” пред зградата спроти слаткарницата „Пешка“, калемени багреми пред аптеката и Стоковната куќа на „Нова трговија“, а балконите треба да се украсат со цвеќе. Со новиот амбиент и функција, улицата „Маршал Тито“ ќе биде привлечна и за домашните и за странските туристи, уште повеќе што таа тесно се поврзува со Чаршијата и Новиот спортско рекреативен комплекс кај халата „Младост“.

П. Ставрев

ВЕЧЕР 9-ти Април 1981