Нема поубаво нешто кога ќе ги поврзите вашиот талент и прекрасниот поглед од балкун, фотографирајќи ја битолската градска панорама од утро до мрак. Повеќето фотографии одземаат здив, неколку од нив не Ве оставаат рамнодушни, други ја покажуваат магијата која ја носат самите годишни времиња.

Во видеото имате 88 фотографии од битолчанката Дијана Блажековиќ Димовска која грижливо и секој ден од дали есен, зима, пролет или лето ги доловуваше за денес да ги престави за сите нас. Од нас што да Ви речиме освен да уживате и да си ја пуштите целогодишната галерија.

Ти благодариме Дијана.