По Илинденското востание, со цел да се подобри тешката состојба во Македонија, европските земји пројавија одреден интерес за воведување реформи.

Така, императорите на Австро-Унгарија и Русија, Франц Jозеф и Николај II Александрович, во октомври 1903 година се состанаа во штаерското гратче Мирцштет, близу до Виена.
Притоа, договориле реформска програма за Македонија, што под контрола на странски претставници ги опфаќала секторите: полицијата, администрацијата, судството и месната самоуправа.

Божин Стефановски еден од првите три македонци кои биле турски џандари во Битола

За успешен тек на оваа замисла во полицијата како командант бил поставен италијанскиот генерал Де Џорџис. Во таа смисла Македонија била поделена на пет реони: Битолски вилает (Италија), Солунски вилает (Русија), Скопски санџак (Австро-Унгарија), Серски санцак (Франција) и Драмски санцак (Велика Британија).

Иако не се реализира во целост Мирцштетската спогодба, од познати причини, незиното значење е во тоа што за Македонија почна да расправа светската јавност.
Еден од троцата Македонци што
тогаш беа примени во турската полиција во Битола беше Божин Стефановски. Еве што забележав, меѓу другото, во 1968:

– Мoјата улога како турски џандар не беше лесна. Од една страна турската власт, од другата ВMРО, со посебна задача и одговорност да морам
да ја известувам Организацијата, особено за намераваните рации на полицијата, пред се во комитскиот центар Jени маале.. Кога полицијата сакаше
да огласи вонредна состојба тоа го правеше примитивно со систем sвончиња поврзани со јаже во сите полициски станици во градот…

Во сеќавање ми остана илуминацијата на Битола при посетата на султанот Решад V во 1911. Имено, домаќините беа должни ноќно време сите ламби да постават на уличните прозорци, така што градот
беше целиот во сјај. Полицијата (и протоколот) тоа го бараше, наводно како славје, но и од практична природа: се плашеше од атентат.

Божин Стефановски, меѓу двете
војни познат трговец со млечни производи, е татко на доајените на македонски театар Димче Стефановски (1921-1978), Ацо Стефановски (1922-1985) и
дедо на нивните синови Благој Стефановски (1952) и Илко
(1952), актуелни столбови на БНТ.

Да додадеме дека пијанистката Милица Шперовик-Рибарски (1939) е внука од ќөрка на Божин, и уште дека неговиот шура Пецо Велјановски (1905-1975) основоположник (заедно со Павле Пaвлески) на македонскиот театар во Битола и човекот кој семејството на Стефановци го трасираше на патот на артизмот.

На сликата: Божин Стефановски,
наречен Божин Полицо (1872-1973).

Димитар Димитровски-Такец во неговата книга Перформансите на Широк Сокак