Со почеток во 17 часот, во салата Форца во Скопје се одржа Бодибилдинг и фитнес Куп натпревар, квалификации за Балканско и Европско 2022, уште едно од натпреварувањата од Дијамантскиот Куп на Светската боди-билдинг федерација (ИФББ) на кое учествуваше и нашиот битолчанец Божидар Пецаковски кој го освои првото место во тешка категорија.