Бошко Најдовски (Долно Оризари, Битолско, 3 јануари 1976 – Вејце, Тетовско, 28 април 2001) бил македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.

Битолска чета ПЕП во РПС Вратница, Тетовско. На сликата се Бошко Најдовски († 25), Илче Стојановски († 24) и Кире Костадиновски († 24), кои подоцна ќе загинат заедно во масакрот кај Вејце на 28 април 2001 г..
Спомен на Бошко Најдовски во Долно Оризари (Битола)

Барајќи ја егзистенцијата и перспективата како полицаец ја најде суровата судбина на военото проклетство. Родителите од битолското село Долно Оризари, доселени од мариовското село Чаниште, никогаш нема да го прежалат синот кој со својата ведрина и дружељубивост ги освојуваше луѓето.

Беше неустрашлив во животот кој насилно му го прекинаа терористичките ѕверови во масакрот кај Вејце на патот Селце – Вејце во квечерината на 28 април 2001 година. Никој не знае која била неговата последна порака во измачувањето од страна на крвниците. Наместо со невеста и челад кои толку многу ги посакуваше тој и најблиските, над вечното почивалиште на Бошко се извишува крстот, симбол на православната вера – бидејќи тој стана жртва на неверниците.

Во масакрот кај Вејце, на Бошко додека бил тешко ранет, од близина му е пукано во неговото чело, за да потоа биде запален и целосно изгорен.

Бошко Најдовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.