КАЈ ПАЦИЕНТКА СО ГОЛЕМА ТЕЖИНА, ЗАРАДИ КАРЦИНОМ НА ЕНДОМЕТРИУМ НА МАТКА, НАПРАВЕНО УСПЕШНО ВАДЕЊЕ НА МАТКА И ЛИМФНИ ЖЛЕЗДИ ПО ЛАПАРОСКОПСКИ ПАТ

Деновиве, лапароскопскиот хируршки тим на Болница Плодност предводен од д-р Христијан Трпчевски, направи тотално отстранување на матка со сентинелно обележување на лимфните жлезди со индоцијанин зелено, кај 73 годишна пациентка. Отстрането се и лимфни жлезди во малата карлица.

„Главен проблем во случајов е што пациентката е ниска, со телесна тежина од 130 кг. Поради вишокот килограми, потешко можат да се оперираат ваквите пациентки по лапароскопски пат. Ние успешно ја изведовме оваа операција лапароскопски, што е голем бенефит за пациентката и покрај огромната телесна маса. Со класична операција, опоравување ќе беше многу долго. Пациентката ја напушти болницата на третиот постоперативен ден. Иако за нас лапароскопскиот пристап во случајов беше потежок, за пациентката е секако многу полесно. Наша цел е да им олесние на пациентите. Ја искористивме предноста на лапароскопско обележување на лимфните жлезди со контраст индоцијанин зелено, метода која се работи единствено кај нас во Македонија“, вели д-р Христијан Трпчевски.

Ова е само уште еден голем успех, во низата последни успеси и методи, кои во државата се работат единствено во Болница Плодност Битола.