ПОНЕДЕЛНИЧКИ 15:30 ч …

Во посета кај Благој и неговиот времен “дом” !

Повторно го затекнавме за време на пладневен одмор. Беше веќе во длабок сон, па немаше смисла да го будиме…

Сега веќе е посвежо, а и температурата е прилично пониска, за разлика од изминатата недела.

Се надевам и верувам, дека директорот на “Труд и Социјални работи, ќе си достои на зборот и ќе го исполни ветувањето, дека Благој ќе биде згрижен пред да настапи зимата, односно пред снегот…?!

Највероватно, решение ке биде Старски дом ( мислам Прилеп) барем додека не се створат подобри услови.

Имено, веќе му е доделена БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ, и тоа со познат и искусен битолски адвокат, кој ќе го застапува Благоја Колевски пред Уставен Суд, каде е веќе делото за изгубениот стан.

Со среќа !

Димитри Гина