Бомбардирањата на Битола започнуваат во пролетта 1917 година и траат повеќе од година дена се до пробивање на фронтот. Овој период преставува еден од најтешкиот и најкрвав период во историјата на градот. Голем дел од овие бомбардирања биле извршени со бојни отрови од кои најмногу страдало градското население.
Во ноќта помеѓу 28 февруари и 1 март 1918 година, бугарските сили го гранатирале градот Битола повторно со бојни отрови при што настрадало голем број невино цивилно насление. Последиците од ова бомбардирање ќе бидат забележани од тогашните фотографи. Две години потоа, белградскиот „Илустровани лист“ („Ilustrovani list“, во Белград, 26. V – 10. VI 2020, број 8) ќе објави фотографија на една група битолски жени и деца кои таа ноќ биле убиени од гранатите со бојни отрови.
Иако не постојат прецизни и точни статистики, денес се смета дека Македонија од Првата Светка Војна излегла со 16 % до 30% помалку жители.
Со оглед на линијата на фронтот, Битола била едно од најпогодените подрачја. На фотографиите – жртви и погреби на жители на Битола, гранатирана со хемиски
бојни отрови – нервен гас кој предизвикувал отежнато дишење, гушење и таложење/ цедење на бела слуз од белите дробови.