Вчерашниот спортски настан, Wizzair Скопски маратон со своето 15-то одржување достигна рекорден број со околу 12.500 учесници. Покрај учеството на атлетичари од светски ранг листи, срушувањето на женскиот македонски рекорд во маратон, да не го заборавеме трудот и успехот на нашите битолчани.
Кристиан Стојани (21) кој е дел од македонската сениорска репрезентација и член на АК “Олимп” – Битола се избори за четвртото место во трката на 5 км (севкупен пласман). Оваа година изненади и битолчанецот Љупчо Стојановски со своето учество во маратонската трка од 42 км и завземање на седмото место (македонски пласман).

Позитивната енергија, насмевките, дружбата која што ја поседува една ваква спортска манифестација сметаат дека треба да ја почувствува секој, па затоа јавно ве повикуваат да се пријавете на #Трчајбе, односно првата трка која ќе се одржи во Битола на пет и десет километри.
Вратите на атлетскиот клуб Олимп се постојано отворени за нови членови, а цел овај вложен труд би резултирал со уште поголеми успеси доколку е поддржуван повеќе пред се од Општина Битола, а исто така и од поголем број на атлетичари.

https://www.facebook.com/trcajbe/