Запознајте го Итар Пејо, битолчанецот од Европското првенство 

од January 14, 2018 0 коментари

Битолскиот Итар Пејо е Дарко Јанкуловски од Битола.

– „Традиционалната македонска носија од мариовскиот крај е она што го носам на мене. Инспириран сум од Шкотланѓаните кои дојдоа во Македонија во 2009 година. 

Тие секогаш се облечени според нивната традиција, па затоа и јас си реков зошто да не го испромовираме и ние тоа што го имаме. Прв пат вака бев облечен во 2009 година на Европското првенство во ракомет во Вараждин, потоа, бев и во Ниш, па на Европското првенство во кошарка во Загреб, потоа следеше и Франција… а за понатаму вака ќе се облекувам на трибините каде и да одиме“, вели нашиот „Итар Пејо“ – Дарко Јанкуловски.

Извор гол.мк, спортмедиа.мк

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *